INFORSE-Europe logo

Search on the site:
 
  
EnglishSpanish French Hungarian Slovak Polish German
 
About Us Contact Us Member Database Contact Database Support Us
PortugueseRomanian Turkish Bulgarian Macedonian Russian Danish
ACTIVITIES
  100% Renewables
Seminars & Events
  Projects
  LCS Network
PUBLICATIONS
  Press Releases
  Newsletter
  Reports
POLICY
United Nations
European Union
  Nuclear Energy
  Gender
  Structural Funds
EDUCATION

 

School Resources
  DIERET
  Study tours 
  Success Stories 
  Test yourself Quiz
  Useful Links
VISIT INFORSE.ORG
INFORSE-Europe in Macedonian INFORSE-Europe in Macedonian



INFORSE members in Macedonia: Eco-svest, Proactiva, Front 21/42
Activities in Macedonia:
Seminar: 2007 November

INFORSE-Europe е меѓународна мрежа на независни невладини организации кои работат кон пронаоѓање на решенија за одржливи енергии. INFORSE-Europe има 80 организации членки од 35 европски држави (според податоци од 2010 год.). INFORSE е основана на Глобалниот Форум во Рио де Женеиро, Бразил во 1992 година. Визијата и целите на INFORSE.

Заедничката визија на INFORSE е да развива еден Свет каде енергетските услуги, потребни за праведно и хумано насочен развој, се овозможени со одржливи начини на користење на обновливи енергии (пример: соларна енергија, енергија од ветрови, биомаса, биогас, мали хидро-погони).

Ова вклучува:
· Заштита на животната средина и борба против климатските промени
· Постепено одстранување на нуклеарната енергија и на енергија добиена од фосилни горива
· Зголемена доверба во локалните решенија
· Еднаков пристап до енергија, за сите
· Подобрување на основите за создавање на приход преку решенија за обновливи енергии, особено за сиромашните
· Зголемување на енергетската ефикасност
· Намалување на злоупотребата на работната способност на жените.

Влијание врз Глобалната Агенда
INFORSE учествува во настани на Обединетите нации и нивните паралелни НВО Форуми како конференциите за Конвенција за клима, Борба против опустинување и следни насоки кон Конвенцијата од Рио.

Структура
INFORSE има свои регионални координатори, кои работат да го помогнат процесот на соработка помеѓу членките-организации. Членките ги избираат координаторите на Генералните Собранија.

Sustainable Energy News
Претставува квартален магазин кој се публикува од 1992 година. Некои теми кои во минатите години беа застапени се: жени, сиромаштија, училишта, клима, финансирање, опустинување, социјални промени.

Листа за контакти – електронска база на податоци
1000 контакти од НВОи, институти за истражување и едукација, и донесувачи на одлуки. Уште од 1992 година базата на податоци се ревидира и дополнува годишно. Може да се пребарува според членство, контакти, име на организација и земја.

DIERET – Интернет образование на далечина
Можност да се студира (ниво на пост-дипломски студии) на тема ’обновливи енергии’ преку курсеви во електронска пошта кои се одвиваат на англиски јазик. Курсот е наменет генерално за зголемување на знаењето на активистите во европските невладини организации. Курсевите се започнати во 2001 година. Материјалите за стурдирање се достапни и на компакт-диск (CD). Преведени се на Руски и Словачки.

Семинари
Уште од 1992 година INFORSE-Europe организира семинари за НВОи. Семинарите се одржуваат еднаш или два-пати во годината.

Енергија и Клима во училиштата
Дата база на ресурси во електронска верзија е развиена во 2004-06 година.
Во соработка со SPARE. Eдукативните материјали се користени во Русија, поранешните централно-источни земји, Полска и Романија.

Партнерски проекти
Членките соработуваат во проекти изработувајќи мобилни изложби, публикации, студиски посети, кампањи и слично, во Русија, Романија, Украина, Унгарија, Македонија.

Визија 2050 – 100% Обновливост
INFORSE им помага на своите членки во подготовка на национални визии и стратегии за транзиција кон одржливи енергетски системи, следејќи го моделот базиран на работна основа во еxcel. Развиени се модели за ЕУ, Данска, Литванија, Украина, Словачка, Белорусија и Романија.

Следејќи ја политиката на ЕУ
INFORSE-Europe ги следи политиките на ЕУ за енергија и клима и коментира на одредени делови врз основа на предлозите од своите членки. Најновите информации и мислења на INFORSE-Europe се достапни во магазинот Sustainable Energy News како и на web страната. Во рамки на политиките на ЕУ се структурните фондови и директивите за обновливи-енергии и енергетска-ефикасност.

Во 2006 година INFORSE-Europe стана придружена членка на EU Sustainable Energy Campaign.

INFORSE-Europe е поддржана од Европската Комисија, Генерален Директоријат за животна средина- поддршка кон граѓанското општество (2002, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010).