INFORSE-Europe logo INFORSE-Europe in Macedonian

INFORSE-Europe

INORSE members in Macedonia: Eco-svest, Proactiva.
Activities in Macedonia:
Seminar: 2007 November

INFORSE-Europe е меѓународна мрежа на независни невладини организации кои работат кон пронаоѓање на решенија за одржливи енергии. INFORSE-Europe има 75 организации членки од 32 европски држави (според податоци од 2007 год.). INFORSE е основана на Глобалниот Форум во Рио де Женеиро, Бразил во 1992 година.Визијата и целите на INFORSE.

Заедничката визија на INFORSE е да развива еден Свет каде енергетските услуги, потребни за праведно и хумано насочен развој, се овозможени со одржливи начини на користење на обновливи енергии (пример: соларна енергија, енергија од ветрови, биомаса, биогас, мали хидро-погони).

Ова вклучува:
· Заштита на животната средина и борба против климатските промени
· Постепено одстранување на нуклеарната енергија и на енергија добиена од фосилни горива
· Зголемена доверба во локалните решенија
· Еднаков пристап до енергија, за сите
· Подобрување на основите за создавање на приход преку решенија за обновливи енергии, особено за сиромашните
· Зголемување на енергетската ефикасност
· Намалување на злоупотребата на работната способност на жените.

Влијание врз Глобалната Агенда
INFORSE учествува во настани на Обединетите нации и нивните паралелни НВО Форуми како конференциите за Конвенција за клима, Борба против опустинување и следни насоки кон Конвенцијата од Рио.

Структура
INFORSE има свои регионални координатори, кои работат да го помогнат процесот на соработка помеѓу членките-организации. Членките ги избираат координаторите на Генералните Собранија.

Sustainable Energy News
Претставува квартален магазин кој се публикува од 1992 година. Некои теми кои во минатите години беа застапени се: жени, сиромаштија, училишта, клима, финансирање, опустинување, социјални промени.

Листа за контакти – електронска база на податоци
1000 контакти од НВОи, институти за истражување и едукација, и донесувачи на одлуки. Уште од 1992 година базата на податоци се ревидира и дополнува годишно. Може да се пребарува според членство, контакти, име на организација и земја.

DIERET – Интернет образование на далечина
Можност да се студира (ниво на пост-дипломски студии) на тема ’обновливи енергии’ преку курсеви во електронска пошта кои се одвиваат на англиски јазик. Курсот е наменет генерално за зголемување на знаењето на активистите во европските невладини организации. Курсевите се започнати во 2001 година. Материјалите за стурдирање се достапни и на компакт-диск (CD). Преведени се на Руски и Словачки.

Семинари
Уште од 1992 година INFORSE-Europe организира семинари за НВОи. Семинарите се одржуваат еднаш или два-пати во годината.

Енергија и Клима во училиштата
Дата база на ресурси во електронска верзија е развиена во 2004-06 година.
Во соработка со SPARE. Eдукативните материјали се користени во Русија, поранешните централно-источни земји, Полска и Романија.

Партнерски проекти
Членките соработуваат во проекти изработувајќи мобилни изложби, публикации, студиски посети, кампањи и слично, во Русија, Романија, Украина, Унгарија, Македонија.

Визија 2050 – 100% Обновливост
INFORSE им помага на своите членки во подготовка на национални визии и стратегии за транзиција кон одржливи енергетски системи, следејќи го моделот базиран на работна основа во еxcel. Развиени се модели за ЕУ, Данска, Литванија, Украина, Словачка, Белорусија и Романија.

Следејќи ја политиката на ЕУ
INFORSE-Europe ги следи политиките на ЕУ за енергија и клима и коментира на одредени делови врз основа на предлозите од своите членки. Најновите информации и мислења на INFORSE-Europe се достапни во магазинот Sustainable Energy News како и на web страната. Во рамки на политиките на ЕУ се структурните фондови и директивите за обновливи-енергии и енергетска-ефикасност.

Во 2006 година INFORSE-Europe стана придружена членка на EU Sustainable Energy Campaign.

INFORSE-Europe е поддржана од Европската Комисија, Генерален Директоријат за животна средина- поддршка кон граѓанското општество (2002, 2004, 2005, 2006, 2007).